Никола Јокиќ и Џамал Мареј се загреаја за своите настапи на Ол-стар викендот предводејќи го Денвер Нагетс до победа од 122-116 над Мемфис.
Јокиќ го забележа својот 184. трипл дабл во кариерата со 26 поени, 15 скока и 11 асистенции, уште еднаш потврдувајќи го својот статус како еден од најдобрите играчи во лигата. Сепак, не смее да се заборави фактот дека загуби дури девет топки што стана честа практика за него откако се врати од долгата пауза бидејќи редовно е на врвот во својата екипа, во оваа статистичка категорија. Со загубените топки и го засени својот трипл дабл бидејќи малку недостасуваше Денвер да доживее пораз од еден од најслабите тимови во лигата.
Мареј додаде 22 поена, а во последните моменти беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања – ги погоди сите четири обиди во последните 12 секунди од натпреварот, со што го обезбеди триумфот на домашниот тим. Тим Хардавеј Џуниор исто така даде голем придонес со 21 поен за Нагетс, кои влегуваат во паузата за Ол стар со биланс 35/20 и покрај сезоната полна со проблеми со повреди.
Мемфис, кој претрпе 10 порази во последните 12 натпревари, успеа да надомести негатива од 15 поени во четвртата четвртина, главно во периодот кога Јокиќ беше на клупата, но немаше сила да направи целосен пресврт. Иако беа блиску, гостите никогаш не успеаја да поведат во последниот квартал.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Атланта 110-107
Кливленд – Вашингтон 138-113
Орландо – Милвоки 108-116
Бостон – Чикаго 124-105
Бруклин – Индијана 110-105
Филаделфија – Њујорк 89-138
Торонто – Детроит 95-113
Хјустон – ЛА Клиперс 102-105
Минесота – Портланд 133-109
Њу Орлеанс – Мајами 111-123
Денвер – Мемфис 122-116
Феникс – Оклахома 109-136
Јута – Сакраменто 121-93
Голден Стејт – Сан Антонио 113-126


