Најџел Хејс-Дејвис, најкорисен играч на завршниот турнир од Евролигата од минатата сезона, ќе ја продолжи кариерата во Панатинаикос, потврди првиот човек на атинскиот клуб Димитрис Јанакопулос.
Хејс-Дејвис се враќа во Европа по девет месеци, откако по освојувањето на титулата во Евролигата со Фенербахче се врати во НБА. Американскиот крилен играч ја започна сезоната со Феникс Санс, но во ниту еден момент немаше забележителна улога, пред неколку дена беше продаден на Милвоки Бакс, но франшизата од Висконсин веднаш се откажаа од неговите услуги.
🚨 SON DAKİKA!
— Euroleague Time (@euroleague_time) February 12, 2026
Panathinaikos Başkanı Dimitris Giannakopoulos, Nigel Hayes-Davis'i transfer ettiklerini açıkladı. pic.twitter.com/AOCAhbDgvQ
Претходните денови беше јасно дека неговата единствена опција е да се врати во Европа, а интерес за него покажаа и Хапоел и Фенербахче, но понудата на Панатинаикос беше најпримамлива. Еден од условите што ги постави американскиот кошаркар беше да стане најплатен играч во елитното натпреварување, што би значело дека ќе добива околу пет милиони долари по сезона, вклучувајќи ја и сегашната полугодишна плата.
Хејс-Дејвис наводно потпишал договор од две и пол години со Панатинаикос, а своето деби во Евролигата за својот нов клуб ќе го има за околу десет дена. Рокот за регистрација на играчи за колото од оваа недела истече во среда попладне, а бидејќи следната недела е пауза поради националните купови, сигурно е дека американскиот крилен напаѓач ќе го одигра својот прв натпревар во елитното натпреварување за новиот клуб на 26 февруари, кога Париз ќе пристигне во Атина.
Новиот кошаркар на ПАО има исклучително богато искуство играјќи во Евролигата, со оглед на тоа што помина три сезони со Фенербахче, а претходно играше за Жалгирис и Барселона. Неговиот прв клуб во Европа беше Галатасарај, каде што пристигна откако играше за Лос Анџелес Лејкерс, Торонто Репторс и Сакраменто Кингс во истата сезона.
Играјќи за Фенербахче, покрај шампионската титула и MVP на завршниот турнир, Хејс-Дејвис двапати беше избран во првиот тим на Евролигата, а освои две шампионски титули и Купот на Турција. Со Барселона има трофеј во Кралскиот куп, а со Жалгирис две шампионски титули и Литванскиот куп. Панатанаикос моментално има 16 победи и 11 порази во Евролигата, а тимот на Ергин Атаман в петок го пречекува Фенербахче, поранешниот клуб на Хејс-Дејвис, кој е лидер со биланс 19/7.


