По една деценија, актуелниот тренер на Работнички, Владимир Мирковски се враќа на сцената во Купот на Македонија.
Последен пат тој беше дел од завршницата во 2016 година, кога со Бест Гевгелија настапи на турнирот во организација на Кожув. Минатата сезона Мирковски беше дел од куп-натпреварувањето во Ниш, како тренер на Војводина и соочи со Партизан кој тоаш беше предводен од легендарниот српски стручњак Жељко Обрадовиќ.
Сега, во Куманово, Работнички го очекува сериозен предизвик бидејќи на стартот се среќава со најтрофејниот тим во Купот на Македонија и бранител на пехарот МЗТ Скопје. На Работнички ќе му биде потребно чудо за да ја мине првата пречка, но затоа се интересни овие натпреварувања.


