Дилан Осетковски нема да му биде на располагање на Жоан Пењароја не само за вечервашниот дуел помеѓу Партизан и Реал Мадрид, туку на подолг период.
Причината не е однесувањето на Американецот во црно-белиот тим, туку стар проблем за кој Белград знаеше кога го донесе од Уникаха иако во клубот мислеа дека е решен. Се покажа дека не е, бидејќи шпанската антидопинг агенција, која долго време се бори со сопствените проблеми, одлучи повторно да ги отвори старите случаи.
Осетковски беше позитивен на тест за марихуана уште во 2023 година, кога играше во Шпанија, поради што неговиот трансфер во Барселона пропадна во тоа време, а неговото доаѓање во Белград беше исто така под знак прашалник.
На крајот, тој пристигна, откако Џабари Паркер беше отстранет поради лоша форма и недостаток на посветеност, дури доби и поголема улога во црно-белиот тим, постигна 14 поени против Олимпија Милано, 17 против Макаби Тел Авив, но сега ќе мора повторно да направи пауза бидејќи шпанската допинг агенција ја проследи одлуката до српската, а потоа и до клубот. Казната трае до 22 декември 2026 година.


