Натпреварот меѓу МКК Куманово и Пелистер, последен од четвртфиналето на Купот на Македонија, е во прекин откако битолскиот клуб се повлече од теренот по нешто повеќе од четири минути игра.
До прекинот дојде откако битолчани се повлекоа во соблекувална, во знак на револт за односот кон навивачите на Пелистер. „Чкембари“ при влезот во салата во Куманово се закачија со обезбедувањето, па дојде до голем инцидент.
Членовите на обезбедувањето добија наредба да ги исфрлат од салата навивачите на Пелистер, тоа не им се допадна на членовите на битолскиот клуб кои веднаш потоа го повлекоа својот тим и мечот се уште е во прекин.


