Дејмијан Лилард, плејмејкерот на Портланд Трејл Блејзерс, триумфираше на натпреварот во шутирање тројки на НБА Ол стар викендот.
Тоа е негова трета победа во ова натпреварување, но сега таа е уште поимпресивна бидејќи Лилард не игра цела сезона поради скината Ахилова тетива. Тој победи со 29 поени во последниот круг наспроти 27 на Девин Букер и само 17 на почетникот Кон Кнупел.
Девин Букер можеше целосно да го смени исходот, имаше сè во свои раце, ако погодеше уште една шарена топка во последната серија ќе добиеше продолженија, а ако погодеше две, ќе победеше. Сепак, тој промаши четири шута по ред и заврши втор во натпреварувањето.


