Кошаркарот на МЗТ Скопје, Мак Смит е прогласен за за најкорисен играч на завршниот турнир од Купот на Македонија.
Тој беше најефикасен играч во редовите на МЗТ Скопје во полуфиналето и финалето и тоа беше пресудно за да ја добие наградата. Во вечерашното финале, крилниот играч постигна 23 поени за 22 минути во игра, погоди три тројки од четири обиди по што беше избран за добитник на најголемото индивидуално признание.
Во одлично издание во финалето се покажаа и македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски кој оствари индекс 29 и Чарлс Гил кој стигна до 22.


