Стони Брук се искачи на четвртото место на табелата во својата конференција откако ноќеска на домашен терен го победи директниот ривал Дрексел со 72-69.
Во пресрет на овој меч, двете екипи имаа идентичен биланс (7/6), но Сивулфс дојдоа го голем триумф кој ги одржува во игра дури и за третата позиција на табелата. До крајот на основниот дел од сезоната во НЦАА остануваат уште четири кола по што почнува плејофот, односно т.н. мартовско лудило.
steppin' & scoring 🔥
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) February 17, 2026
📺 CBS Sports Network
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/sQeRdp1CJ4
Македонскиот репрезентативец Андреј Шошкиќ повторно беше еден од најзаслужните за триумфот на Стони Брук. На теренот помина 37 минути и за тој период постигна 14 поени, два скока, две асистенции и три украдени топки. Меѓу другото, се истакна и со неколку соло-акции и удари од голема далечина, кревајќи ги на нозе домашните навивачи.
Shoshkikj buries it for the lead 🔥
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) February 17, 2026
📺 CBS Sports Network
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/sxcoYASZum
Ноќешната победа беше седма во последните девет меча за Стони Брук, а Шошкиќ беше двоцифрен на осум од овие натпревари. Тој е сега блиску до двоцифрен просек бидејќи се наоѓа на 9,7 поени по меч.


