Центарот на Лос Анџелес Лејкерс и поранешен избор на драфтот во првата рунда, Диандре Ејтон синоќа бил уапсен поради поседување марихуана.
Според американските медиуми, Ејтон се обидел да отпатува од Бахамите, а со себе ја носел супстанцата.
„Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Диандре Eјтон, беше накратко приведен на меѓународниот аеродром ’Линден Пиндлинг’ на Бахамите под сомнение за поседување мала количина марихуана“, објавија американските медиуми.
Ејтон е во својата прва сезона со Лејкерс и трета станица во неговата осумгодишна НБА кариера. Тој потпиша двегодишен договор со Лос Анџелес по две сезони со Портланд Треил Блејзерс. Неговото време со Феникс Санс не заврши славно, но тој ја пронајде својата улога во Лејкерс.
Што ова значи за достапноста на Ејтон за остатокот од сезоната е непознато. Тој беше стартер на 46 од 54 натпревари на Лејкерс како центар оваа сезона, па неговото отсуство би била голема загуба.


