Вест на денот од НБА е дека Јанис Адетокунбо ќе ги смени клупските бои на крајот на сезоната.
Грчкиот репрезентативец, ако не се случи пресврт, ќе го напушти Милвоки, а тој самиот го потврди ова во изјава за „Космоте ТВ“.
„Сега сум со Милвоки Бакс. Не зависи од мене, ако беше од мене, можеби веќе ќе заминев. Следното лето се ќе биде во мои раце бидејќи ќе станам слободен агент“, рече Адетокунбо.
Целата своја професионална кариера тој ја помина во Милвоки Бакс кој го избра како 15. пик на драфтот во 2013 година. Неговиот најголем успех дојде во 2021 година, кога го предводеше Милвоки до титулата во НБА шампион. Во решавачкиот натпревар од финалето, тој постигна 50 поени и стана МВП на финалето.
Сезонава тој не е на ниво, но и често се мачи со повреди, како што е случај и во моментов. Неодамна влезе во конфликт со навивачите на Бакс што само ги подгреа шпекулациите дека ќе го напушти тимот, а за него се заинтересирани Мајами и Њујорк.


