Иако станува збор за дуел меѓу лидер на табелата и екипа што се бори за опстанок, сепак мечот во Маџари го привлекува вниманието во 16. коло. ТФТ и Феникс се сретнаа и минатата недела во четвртиналето од Купот и тогаш победи тимот од Тафталиџе, додека денешниот меч почнува во 19 часот.


