Екипата на Чаир го продолжи подемот на табелата откако вечерва славеше на гостувањето кај Кожув со 99-81.
Чаирчани покажаа ретко видена доминација на теренот во Гевгелија имајќи предвид дека водеа и со 30 поени разлика и можеа буквално да го понижат својот ривал пред неговите навивачи. Одлучувачка беше третата четвртина која Чаир ја доби со 33-13 за на шест минути пред крајот на мечот да ги достигне највисоките 87-57.
Билингсли повторно го предводеше тимот на Чаир, со 26 поени и седум скока, Тачи додаде 18 поени, девет скока и седум асистенции, а Реџа додаде 14 поени.
Кожув, кој има исклучително лош биланс на домашен терен оваа сезона, беше предводен од Пурвис кој постигна 13 поени, но со лош шут од игра (4/14).


