Реал Мадрид е на прагот на 30. трофеј во Копа дел Реј откако синоќа на спектакуларен начин го совлада домаќинот на завршниот турнир Валенсија.
„Кралевите“ славеа со 108-106 и покрај тоа што на три минути пред крајот губеа со десет разлика (89-99), а во последните 20 секунди влегоа со 101-106. Херој на мечот беше Марио Хезоња кој во клучните моменти погоди две тројки, но голема помош имаше од домашните играчи кои беа неверојатно конфузни во периодот кога требаше само мирно да го приведат натпреварот кон крај.
Првата тројка на хрватскиот репрезентативец дојде при резултат 106-101 за Валенсија на 16 секунди пред крајот, домаќините потоа требаше само да ја изведат топката од под кош и веројатно ќе добиеја фаул. Сепак, се обидоа за рискантен потег, играчите на Реал ја пресекоа акцијата и преку Хезоња дојдоа до водство од 107-106. Монтеро ја имаше последната шанса за победа на Валенсија, но не беше прецизен и потоа Кампацо од линијата за слободни фрлања само стави точка на мечот.
Во финалето, Реал ќе игра со Басконија која во вториот драматичен натпревар ја победи Барселона со 70-67.


