По триумфот во првенството и Суперкупот, Баскет Кам од денеска е сопственик и на трофејот во Купот на Македонија со што официјално ги обедини трите круни во македонската кошарка.
За тимот од Македонска Каменица ова е четврти пехар во Купот, сите освоени во последните шест сезони. Во финалниот меч Баскет Кам ја совлада Крива Паланка со 74-68 и тоа во натпревар во кој ја имаше контролата над резултатот во текот на сите 40 минути.
Одлучи првото полувреме кое Баскет Кам го доби со 42-27 за на три минути пред крајот на третата четвртина, домаќинот на овој турнир да отиде на највисоки +21 (54-43). Баскет Кам потоа заигра многу подобро, намали многу од негативата, а на две минути пред крајот на мечот намали на само пет поени разлика (64-69). Сепак, време за целосен пресврт немаше, па Баскет Кам успеа да го приведе натпреварот кон крајот и да го прослави новиот триумф.
Повторно Ивана Кметовска беше ударна сила на Баскет Кам, постигна 24 поени и девет скока, а се истакнаа уште Димова и Поп Димитровска со по 16 поени. Робинсон ја предводеше Крива Паланка со 30 поени.


