Македонската репрезентативка Ивана Кметовска е прогласена за најкорисна кошаркарска на завршниот турнир од Купот на Македонија во женска конкуренција.
Искусниот центар на Баскет Кам го одбележа турнирот и е најзаслужна за победите против МЗТ Скопје и Крива Паланка. Денеска постигна 24 поени и девет скока, а особено се истакна вчера, во полуфиналето со МЗТ Скопје во кое реализира 23 поени, 21 скок и седум асистенции.
Кметовска со години и една од најдобрите македонски кошаркарки, лидер на својот тим, но и на репрезентацијата.


