Фамата што ја направи младиот кошаркар со македонски корени Александаар Зунзуровски со настапот на завршниот турнир од мини-купот, се уште не стивнува во Србија.
Тинејџерот кој настапува за Црвена Звезда се претстави во одлично издание, особено во финалето против Мега кпога за едно полувреме постигна 16 поени со неколку атрактивни потези. Тоа, заедно со несекојдневниот имиџ и стил на игра придонесе Србите буквално да полудат по него. Последните денови имаше еден куп написи за 14-годишниот кошаркар, а веќе почнаа да го споредуваат со суперстарот на првиот тим на Звезда, Џордан Нвора.

„Во мини-купот што се одржа во Ниш минатиот викенд, истовремено со завршниот турнир од Купот ‘Радивој Кораќ’, младинскиот тим на Мега ја победи Црвена Звезда, а едно момче особено го привлече вниманието на навивачите на црвено-белите. И поради неговиот физички изглед и поради начинот на кој ги изведува слободните фрлања. Тоа е Александар Зунзуровски. Кога пишуваме за физичкиот изглед, првенствено мислиме на неговата коса, која е нескротлива, исто како онаа на Џордан Нвора, првотимец на трофејниот клуб од Мал Калемегдан“, пишува Спортал.
И другите медиуми во прв план го ставаат имиџот на кошаркарот, но ги потенцираат и неговите потези.

„Навивачите на Црвена Звезда особено забележаа еден играч од нивниот млад состав. Им падна во очи делумно поради неговиот изглед, а делумно поради некои од движењата што ги направи на натпреварот против Мега, но а многумина веднаш забележаа дека многу личи на Џордан Нвора и дека е реплика на Нигериецот. Кога ќе ја погледнете неговата фризура и малку потемен тен, Александар Зунзуровски навистина наликува на еден од најдобрите играчи на црвено-белите оваа сезона“, објави Телеграф.
Зунзуровски досега ги има сите услови да стане суперѕвезда, но пред него има уште многу работа за да ги оствари своите цели и амбиции.


