Три натпревари, три победи на Црвена Звезда против турските претставници во Евролигата оваа сезона.
Откако ги победи Фенербахче и Анадолу Ефес во Истанбул, белградскиот тим вечерва славеше против Ефес и на домашен терен, со 91-81. Звезда со тоа го оствари својот 17. триумф во елитното натпреварување и ја продолжи борбата за место во плејофот.
Најзаслужен за победата на „црвено-белите“ беше Џаред Батлер, кој погоди седум тројки и го предводеше својот тим до победа со 21 поен, а го следеше Џордан Нвора со 13. Најдобар играч во тимот на Ефес беше Пи Џеј Доузер со 21 поен.
Звезда имаше голема среќа што 11. промашени слободни фрлања не ја чинеа пораз на овој меч.
Белграѓани се искачија на делба на шестото место, заедно со Жалгирис и Барселона, но може утре да падне на табеката, ако Монако и Панатинаикос победат на своите натпревари. Ефес одамна е отпишан од борбата за разигрувањето во Евролигата.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Партизан 81-78
Жалгирис – Олимпијакос 99-94
Црвена Звезда – Анадолу Ефес 91-81
Виртус – Барселона 85-80


