Македонската кошаркарска репрезентација денеска го продолжува настапот во првата претквалификациска фаза за пласман на Европското првенство во 2029 година.
Противник е Луксембург и тоа, колку и да звучи чудно, ќе биде директен дуел за првото место во групата, единствено што директно води во следната фаза. Двете репрезентации остварија победи во воведните две кола, па сега меѓу себе ќе одлучуваат кој ќе го заврши првиот круг како лидер.
Во однос на ноемвриските квалификации, Македонија сега ќе биде со нов селектор бидејќи Марјан Илиевски поднесе оставка, а на негово место е поставен шпанскиот стручњак Жосеп Марија Берокал. Составот на претрпе големи промени во споредба со првите два натпревара, со исклучок на тоа што сега имаме нов натурализиран кошаркар бидејќи местото на Вајли ќе го пополни Итан Хап. Тоа ќе биде трет „странец“ во македонската репрезентација во овој циклус бидејќи против Азербејџан во воведното коло играше Омари Мур.
Јасно е дека Луксембург не смее да биде закана за нашата репрезентација и затоа целата кошаркарска јавност воопшто во прашање не ја доведува победата на денешниот натпревар. Се освен таков исход, ќе биде уште едно големо разочарување за сите кои се уште веруваат во македонската кошарка.
Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург се игра од 18 часот во Градски парк, билетите се продаваат по цена од 150 и 200 денари и се очекуваат полни трибини во реновираната салата која пред три дена беше официјално пуштена во употреба.


