Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Жосеп Марија Берокал веќе ги одреди 12. кошаркари кои денеска ќе излезат на терен против Луксембург во третото коло од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Во составот нема изненадувања, репрезентацијата ќе ја предводи капитенот и убедливо најискусен во оваа генерација Војдан Стојановски, а покрај него, во тимот се уште: Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марин Петков, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Етан Хап и Теодор Симиќ.
Кој и да заигра на вечерашниот меч, нема друг избор, освен да даде се од себе за победа на Македонија.


