Покрај големата негатива, македонската репрезентација во второто полувреме ќе има и голем хендикеп.
Најверојатно на теренот нема да се појави капитенот и лидер на оваа селекција Војдан Стојановски кој на почетокот ја одржуваше екипата во игра, со седум поени во првата четвртина. Во вториот период, тој се пожали на повреда на задната ложа, интервенираше лекарскиот тим, но првите информации не се добри.
Ветеранот рече дека чувствува болки во горниот дел и дека најверојатно нема да може да продолжи што ќе биде ненадоместлива загува за нашата репрезентација.


