Македонската репрезентација тешко дојде до победата во дуелот со Азербејџан, но сепак вечерва има многу причини за задоволство и славје.
За кревање на расположението се погрижи селекцијата на Ирска која на домашен терен го победи Луксембург со 91-85. Тоа е прв триумф за иИрците во овој циклус, но иако немаат шанси за поголем резултат, одиграа цврсто и заслужено стигнаа до победата.
Македонија е со максимален ефект (8 бода) по четири бода, односно две победи повеќе во однос на второпласираниот Луксембург и по три од Ирска и Азербејџан. Иако и со досегашните резултати многу веројатно ќе обезбеди пласман во следниот сегмент, на нашите кошаркари за потврда на првото место им е потребна една победа во последните два меча.
Во јули, Македонија на домашен терен ја пречекува Ирска и ако ја победи, гостувањето во Луксембург ќе биде само формалност. Понатаму можеме да одиме и ако Азербејџан оствари победа против Луксембург што, исто така, не е невозможно.


