Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје на 9 март одбележува шест децении од своето постоење, а в сабота, на дуелот против Пелистер официјално почнува големата прослава на роденденот која ќе трае повеќе денови.
По тој повод, клубот од Аеродром веќе промовира ново лого, во знакот на 60. роденден на кој се прикажани некои од најзначајните моменти, како и играчи во историјата на МЗТ Скопје.
Прославата на роденденот се совпаѓа со можеби најтешкиот период на екипата на МЗТ Скопје оваа сезона имајќи предвид дека во период од шест дена (од 7 до 12 март), шампионот игра со Пелистер, Широки и ТФТ.


