По триумфот против Работнички, Гостивар ќе се обиде да избори опстанок во Суперлигата и за таа цел се засили со двајца нови кошаркари.
Токму од Работнички доаѓа веќе искусниот Борјан Стојановски, поранешен младински репрезентативец на Македонија и еден од најдобрите дефанзивци во земјава. Стојановски смени неколку клубови во земјава, меѓу другите играше за втората екипа на МЗТ Скопје и Пелистер и веќе има доволно искуство да му помогне на Гостивар во борбата за опстанок.
Покрај Стојановски, доаѓа и американскиот центар Кем Грегори кој ќе го пополни местото за странец на Елерби кој си замина.
Своето деби за новиот клуб Стојановски и Грегори ќе го забележат утре на мечот против МКК Куманово на гостински терен.


