Финалист од минатата сезона во Евролигата, моментално најнестабилен клуб во европската елита.
На крајот на јануари, во Монако почна хаосот, со недостаток на пари, доцнење на платите и незадоволство на играчите директно поврзано со ова. Причината е што сопственикот на клубот, Алексеј Федоричев немал начин да го финансира тимот поради замрзнати средства поради војната во Украина. Сепак, од истата причина, Федоричев не може да го продаде клубот, кој има акумулирано долгови и чија иднина е сериозно доведена во прашање.
Најновите информации велат дека Кнежевството вчера отпишало 2.500.000 евра долг на клубот (плати на вработените, придонеси, други трошоци). Затоа, му дозволило на тимот од Евролигата да направи пауза до враќањето на суд на 3 април.
За сума од 2,5 милиони евра, Националното финансиско друштво (SNF) купи една акција од клубот, чија солвентност ќе биде оценета во следниот месец од страна на стечаен администратор назначен од судот. Доколку се утврди дека клубот не е ликвиден, дека не е способен навреме да ги исполни своите финансиски обврски, тој ќе заврши во 100% државна сопственост на 3 април!
Францускиот портал „Бе Баскет“, чии новинари присуствуваа на денешното рочиште и кој ги дава најновите информации за Монако, пишува дека амбициите на државата за иднината на клубот во моментов се непознати. Се очекува државата да се обиде да најде нов приватен сопственик за него, но прашањето е во каква состојба е клубот, колку се долговите и кој е подготвен да го преземе долгогодишниот член на Евролигата и кога.
„Бе Баскет“ објавува дека во ходниците на судницата во Монако, по завршувањето на рочиштето, главното прашање било зошто државата постигнала договор со акционерите Алексеј Федоричев и Олексеј Јефимов, дека на сегашните сопственици ќе им се даде уште еден месец да покажат дека се солвентни. Со други зборови, зошто судот не го прогласи прекинот на плаќањата од 6 март веќе денес и државата не ја презеде целосната контрола врз клубот?
Засега е нејасна иднината на Монако во Евролигата и тоа создава уште еден голем проблем за елитното европско натпреварување. Нееизвесно е дали тимот и идната сезона ќе се натпреварува во Евролига, а со излегувањето на Асвел, ќе треба да се најдат два клуба што ќе ги заменат.


