Една ноќ откако го победи Лос Анџелес Лејкерс, екипата на Денвер Нагетс доживеа катастрофа на домашен терен од Њујорк Никс до 103-142.
Да биде ужасот поголем, пред крајот на првото полувреме се повреди Џамал Мареј кого извесно е дека го очекува подолга пауза, барем од еден месец. Канаѓанецот се повреди од Никола Јокиќ и тоа на многу сличен начин како што Јокиќ се повреди пред крајот на минатата година. Се чекаат деталните прегледи за да се утврди за каква повреда станува збор и колку точно би отсуствувал вториот најважен играч во редовите на Денвер.
OG Anunoby bumps into Jamal Murray on the drive, Murray steps on Jokic's foot, rolls his ankle, and is helped to the locker room (with replays)
— MrBuckBuck (@MrBuckBuckNBA) March 7, 2026
The Knicks also successfully challenge the offensive foul call on OG pic.twitter.com/TUeHdSxP9Z
Без него, Денвер беше апсолутно понижен и уште еднаш потврди дека не е тим со шампионски калибар, како што многумина сакаат да го прикажат. Иако Њујорк не му е ривал во плејофот и со него може да игра само во финалето, успеа буквално да го разнесе во секоја смисла на кошаркарската игра. Тоа беше највисок пораз на Денвер на домашен терен во последните 28 години, а воедно и најтежок пораз на Никола јокиќ откако игра во НБА.
Иако играше само во првото полувреме, Мареј со 12 поени заврши како втор стрелец кај Нагетс. Бадијала беа 38 поени на Јокиќ кога апсолутно немаше помош од останатите кошаркари и играше сам против цела петорка на Никс. Неговиот ефект го избриша Ануноби кој постигна 34 поени, додека Харт, Таунс, Робинсон и останатите се погрижија за убедлив триумф.
Во целата ситуација, добро е за Денвер што има четири дена одмор до дербито со Оклахома, но нема назнаки дека би можел да оди погоре од моменталното петто место на Западот. Њујорк е трет во Источната конференција, но ќе води жестока битка со Кливленд за да се задржи таму.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот–Мајами 120-128
Бостон–Далас 120-110
Хјустон – Портланд 106-99
Денвер-Њујорк 103-142
Феникс – Њу Орлеанс 118-116
Сан Антонио – ЛА Клиперс 116-112
ЛА Лејкерс – Индијана 128-117


