Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ повторно ќе игра во странство откако денеска официјално ја прифати понудата на хрватскиот шампион Задар.
Со тимот од јадранското приморје, 30-годишниот бек-шутер потпиша договор до крајот на оваа сезона, со можност соработката да биде продолжена и за идната натпреварувачка кампања. Понудата на негова адреса пристигна за време на гостувањето на македонската репрезентација во Азербејџан, на инсистирање на тренерот Данијел Јусуп, Мекиќ побара неколку дена да размисли за денеска да се согласи повторно да го облече дресот на еден од најкултните клубови на просторите на поранешна Југославија.
Тој беше негов член сезона и пол, во 2023 и 2024 година и во тој период освои две шампионски титули во хрватското првенство и еден Куп. Пред да замине од Бора, Мекиќ имаше понуда и од ТФТ со кого тренираше претходниот период, но во приказната се вклучи Задар кој има добри спомени со нашиот кошаркар и тој одлучи повторно да замине таму.
Задар во моментов игра во АБА лигата и иако е во плејаутот, има добри шанси да се пласира во разигрувањето за титулата бидејќи се наоѓа на првото место во конкуренцијата.


