Со пригодна свеченост на полувремето од денешниот натпревар со Пелистер, МЗТ Скопје го одбележа големиот јубилеј – 60 години од своето постоење.
Клубот покани голем број од своите клупски легенди, дел од нив ја прифатија поканата и го проследија во живо денешното дерби, а потоа присуствуваа и на коктелот во организација на МЗТ. Меѓу присутните беше и тренерот кој успеа да го победи МЗТ Скопје, Александар Књазев и тој доби најголеми овации од навивачите во „Јане Сандански“, а дојдоа уште неколку кои го задолжија МЗТ како тренери и капитени и кои со него освојуваа трофеи.

На крајот, заедно со навивачите ја одбележаа „годината на штркот“, како што пишуваше на еден од транспарентите на Фемили.


