Женската сениорска репрезентација на Македонија ги почна мини подготовките за мартовскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година.
Нашите кошаркарки немаат многу време за заеднички тренинзи, во Скопје тренираа по еднаш вчера и денеска, а веќе утре патуваат во Данска, каде во среда ќе го играат четврттиот наттпревар од квалификациската група. На тренинзите се 11 кошаркарки, а поради клупски обврски, недостасува единствено Мерит Хемпе, која ќе ги дочека своите колешки во Данска.
На тренинзите се: Александра Стојановска, Илина Селцова, Ања Начевска, Марија Николов, Вања Милосављевиќ, Михаела Алексовска, Елена Тасевска, Милица Николиќ, Теа Трајковска, Јана Пислевска и Дора Алексова. Покрај дуелот со Данска, Македонија ја очекува навистина тежок распоред овој месец бидејќи на 14 март има гостување во Солун и натпревар против селекцијата на Грција, додека на 17 мартна домашен терен ќе ја пречека Хрватска.
По три одиграни кола во групата „Ф“, од квалификациите за ЕП 2027, Македонија има скор од една победа и два пораза.


