Долго време му требаше на финалистот во Купот на Македонија, МКК Куманово да ја обезбеди победата која некои и однапред му ја запишаа.
На домашен терен го совлада Гостивар со 90-75, но дури во последната четвртина го скрши силниот отпор на гостинскиот тим кој со сите сили се обидува да избегне испаѓање од елитата. Клучна беше серијата од 11-0 пред крајот на третиот и почетокот на последниот квартал со која МКК Куманово отиде на сигурни 77-66 и повеќе не му даде шанса на Гостивар да се надева на изненадување.
Пресуди фантастичниот Стевановиќ кој постигна точно третина од поените на својата екипа. Гостивар го имаше Црниќ кој реализира 22 поена, но тимот останува во зоната за испаѓање.


