Бем Адебајо одигра еден од најдобрите натпревари во историјата на НБА, постигнувајќи 83 поени во победата на Мајами Хит над Вашингтон Визардс со 150-129 .
Адебајо доминираше од самиот почеток. Ја заврши првата четвртина со 31 поен, имаше 43 на полувремето и 62 на крајот од третата четвртина. Го заврши натпреварот шутирајќи 20/43 од поле, 36/43 од линијата за слободни фрлања и 7/22 од линијата за три поени. Центарот на Мајами, со тоа, собори два лигашки рекорди, за слободни фрлања во еден натпревар – и за бројот на реализирани шутеви и за бројот на обиди.
Претходниот рекорд за бројот на реализирани обиди од линијата за слободни фрлања го држеше Двајт Хауард со 39, во два наврата. Рекордот за најмногу реализирани слободни фрлања беше 28 и го делеа Вилт Чембрлен и Ејдријан Дентли. Чембрлен стигна до тие 28 слободни фрлања во историски натпревар во 1962 година кога постигна 100 поени – сè уште рекорд во НБА лигата.
Со овој настап, Адебајо го надмина и својот кошаркарски идол, Коби Брајант, чиј рекорд во кариерата беше 81 поен, а Американецот со нигериско потекло сега го држи второто место по бројот на постигнати поени на еден натпревар, во историјата на НБА.
Претходниот рекорд на Мајами Хит за поени во еден натпревар го држеше Леброн Џејмс, кој постигна 61 поен против Шарлот Хорнетс на 3 март 2014 година. Најефикасниот натпревар во тековната сезона до ноќеска го имаше Никола Јокиќ од Денвер Нагетс со 56 поени.
ЛИСТА НА НАЈЕФИКАСНИ ИГРАЧИ НА ЕДЕН НАТПРЕВАР ВО НБА
1. Вилт Чембрлен 100 02.03.1962
2. Бем Адебајо 83 10.03.2026
3. Коби Брајант 81 22.01.2006
4. Вилт Чембрлен 78 08.12.1961
5. Лука Дончиќ 73 26.01.2024
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Мемфис 139-129
Атланта – Далас 124-112
Бруклин – Детроит 100-138
Мајами – Вашингтон 150-129
Хјустон – Торонто 113-99
Милвоки – Феникс 114-129
Сан Антонио – Бостон 125-116
Голден Стејт – Чикаго 124-130
Портланд – Шарлот 101-103
Сакраменто – Индијана 114-109
ЛА Лејкерс – Минесота 120-106


