Екипата на Пелистер го завери третото место на табелата откако вечерва на домашен терен го растури МКК Куманово со 92-62.
Ако во саботата колабираше во второто полувреме во дуелот со МЗТ Скопје, сега битолскиот тим блесна токму во вториот дел кога и ја направи клучната разлика. Тие 20 минути му припаднаа на Пелистер со вкупно 48-23 со што овој тим се врати на победнички патеки.
Во тоа второ полувреме, МКК Куманово имаше периоди од по 3-4 минути без постигнати поени што Пелистер знаеше да искористи за да дојде до висока предност. Интересно е тоа што на четири минути пред крајот домаќините водеа со „само“ 17 разлика за во финишот да направат 17-4 и да дојдат до можеби и преубедлива победа.
Дејвис повторно беше најефикасен кај Пелистер, сега со 23 поени, Вилсон додаде 19, а Малешевиќ 18. Радукиќ го предводеше МКК Куманово со 14 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Тиквеш – Ангели 114-90
Гостивар – Чаир 76-81
Кожув – Феникс 113-98
Пелистер – МКК Куманово 92-62
Работнички – Маџари 97-74


