Екипата на Тренто излезе како победник во италијанската пресметка и обезбеди пласман во четвртфиналето од Еврокупот.
Иако гостин, Тренто ја совлада Венеција со 94-90 по продолжение и во следната фаза ќе се сретне со Бешикташ, во обид да стигне до четирите најдобри во второто по квалитет натпреварување во Европа. Неверојатни осцилации го одбележаа натпреварот, Тренто во првото полувреме водеше со 14 разлика, а потоа Венеција имаше +7. Во драматичниот финиш, гостинскиот тим прво се избори за продолжение, а во него, благодарение на екстра расположениот Џонс, кој постигна 38 поени, стигна до победата.
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски помина 33 минути на теренот и за тој период постигна шест поени и девет скока. Предноста во полуфиналниот меч ќе ја има тимот на Бешикташ, но Тренто не е без шанси бидејќи во основниот дел од сезоната го совлада турскиот тим со 13 разлика.


