Суперѕвездата на Оклахома, Шеј Гилџес Александер влезе во историјата на НБА откако синоќа собори еден од најдолговечните рекорди во лигата
Во победата на Оклахома Сити Тандер од 104-102 над Бостон Селтикс, канадскиот кошаркар постигна 35 поени и со тоа го заврши 127-от натпревар по ред со најмалку 20 поени. Тој го сруши 63-годишниот рекорд поставен од легендарниот Вилт Чемберлен. Гилџес Александар, кој беше и најдобар стрелец на натпреварот, го собори рекордот со тројка на почетокот на третата четвртина, откако погоди две слободни фрлања во претходниот напад на Тандер. Неверојатната серија на овој четирикратен Ол-стар играч трае од 1 ноември 2024 година, кога постигна 30 поени во победата од 137-114 над Портланд Треил Блејзерс.
HISTORY MADE AT HOME.
Congrats to @shaiglalex of the @okcthunder! https://t.co/Z0OyViUkqI
— NBA (@NBA) March 13, 2026
Вилт Чемберлен го постави претходниот рекорд од 126 последователни натпревари во 1963 година. Славниот центар, 13-кратен Ол-стар, исто така ја поседува третата најдолга серија од 92 натпревари, која започна една година подоцна. Зад нив е легендарниот плејмејкер Оскар Робертсон со 79 последователни натпревари во сезоната 1963/64. Во модерната ера, најблиску до овој подвиг беше Кевин Дурант, кој во сезоната 2015/16 имаше 72 натпревари по ред со 20 или повеќе поени.
Пред да го сруши рекордот на Чемберлен, Гилџес-Александар го нарече четирикратниот МВП „митско суштество“, признавајќи дека не знаел многу за него.
„Судејќи според статистиката, правеше што сакаше да направи и, искрено, изгледа речиси како митско суштество. Се чини нереално“, рече Гилџес Александар.
Канаѓанецот игра уште една сезона на МВП ниво за Оклахома Сити. Во 54 одиграни натпревари оваа сезона, тој има просек од 31,7 поени, 4,5 скока и 6,6 асистенции, додека шутира со 55 проценти од поле. Неговите перформанси им помогнаа на Тандер да го одржат најдобриот резултат во лигата, од 51/15.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Филаделфија 131-109
Индијана – Феникс 108-123
Орландо – Вашингтон 136-131
Атланта – Бруклин 108-97
Мајами – Милвоки 112-105
Мемфис – Далас 112-120
Сан Антонио – Денвер 131-136
Оклахома – Бостон 104-102
ЛА Лејкерс – Ликаго 142-130


