Иако има трипл дабл просек во досегашниот дел од сезоната, Никола Јокиќ е многу далеку од четврто МВП признание во НБА лигата.
Долго време тој и Шеј Гилџес Александер ги делеа првите две места во рангирањето на НБА, но од денеска Србинот е на третото место откако второто му го отстапи на кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембанјама. Според најновата анализа објавена на официјалната веб-страница на НБА, Вемби успеа да се позиционира како сериозен кандидат за наградата за најкорисен играч во НБА, благодарение на неговата извонредна форма во последните неколку недели.
https://t.co/wWGNmWnCY9’s updated MVP Ladder:
— NBACentral (@TheDunkCentral) March 13, 2026
1. Shai Gilgeous-Alexander
2. Victor Wembanyama
3. Nikola Jokić
4. Luka Dončić
5. Cade Cunningham
6. Donovan Mitchell
7. Jaylen Brown
8. Anthony Edwards
9. Kawhi Leonard
10. Jalen Johnson
Францускиот кошаркар се истакнува на двата краја од теренот. Освен што стана еден од главните кандидати за наградата за најдобар дефанзивец во лигата, тој моментално е лидер во НБА по бројот на блокади. Во последните 11 натпревари, тој има просек од 4,3 блокади, а се наоѓа и во серија од дури седум натпревари со двоцифрен број скокови, при што неговиот рекорд во овој период е 17.
Неговите офанзивни перформанси исто така не останаа незабележани. Еден од најдобрите натпревари во сезоната е оној од 5 март против Детроит Пистонс, кога постигна 38 поени со 16 скока и пет блокади. Само неколку дена подоцна, тој доминираше против Бостон Селтикс со 39 поени и 11 скока.
Интересно е да се забележат и личните рекорди на водечките кандидати: Гилџес Александар постигна 55 поени оваа сезона, Вембанаја 50, додека рекордот на Јокиќ е 61 поен со трипл-дабл. Лука Дончиќ, од друга страна, постигна 73 поени, што е еден од најдобрите настапи во историјата на НБА.


