Оклахома Сити Тандер ја победија Минесота Тимбервулвс со 116-103 во првиот натпревар од денешната програма во НБА.
Впечаток е дека актуелниот шампион на НБА триумфираше „со половина гас“ и без многу проблеми, иако гостите се четврти во Западната конференција. Немаше потреба најдобриот играч на Оклахома, Шеј Гилџес Александар, премногу да форсира, но успеа да стигне до дабл дабл со „скромен“ настап.
CRAZY SHAI AND-1 TO KEEP HIS 20+ POINT STREAK GOING 🚨
— NBA (@NBA) March 15, 2026
128 straight games and counting. pic.twitter.com/VpZXHi9RzK
Поточно, тој го заврши натпреварот со 20 поени (од кои 10 реализира во последната четвртина) и 10 асистенции, заедно со три скока. Со тоа ја продолжи својата серија натпревари во НБА со 20+ поени на дури 128 натпревари по ред. Интересно е тоа што својот 20. поени го постигна на 100 секунди пред крајот, а остана во игра и покрај тоа што победникот веќе беше решен.
Најефикасен играч во тимот на Тандер беше Чет Холгрем со 21 поен и девет украдени топки, додека Ајзеа Џо постигна 20. На другата страна, Џулиус Рендл блескаше со 32 поена, седум скока и шест асистенции.
За Оклахома ова беше 53. победа во сезоната, со 15 порази, додека Минесота сега има скор од 41/27.


