Актуелниот шампион МЗТ Скопје ја продолжи победничката серија во домашното првенство откако вечерва го победи Тиквеш со 88-85.
Со тоа, „штрковите“ го потврдија триумфот од дербито со ТФТ во петокот и го обезбедија првото место на табелата и по 19. коло од Суперлигата. Тиквеш, од друга страна, иако се претстави во одлично издание, не успеа да го повтори изненадувањето од минатата сезона кога го победи МЗТ Скопје во „Јане Сандански“.
Тиквеш одигра одлично во втората четвртина во која ја достигна и својата највисока предност, од шест разлика (42-36). МЗТ на тоа одовори со серија од 9-2 и на голем одмор замина со минимална предност од 47-46. И во третиот период кавадарчани не се предадоа, постојано му беа зад петите на фаворизирниот ривал, а често знаеја и да го преземат водството.
Дури и кога шампионот отиде на највисоки +9 (82-73) на четири минути пред крајот, кошаркарите на Тиквеш останаа фокусирани и дојдоа на 83-86. Сепак, зицер на Минси и три промашени слободни фрлања го оневозможија гостинскиот тим да направи уште една сензација и да слави во Аеродром.
Смит со 18 поени, вклучувајќи четири тројки беше најефикасен кај МЗТ Скопје, а уште четворица кошаркари беа двоцифрени. По 18 поени имаа и најефикасните кај Тиквеш, Хоукинс и Парсонс.


