Екипата на Пелистер се зацврсти на третото место на табелата во Суперлигата откако вечерва го совлада Гостивар со 93-88.
Одлучувачко беше првото полувреме кое битолчани го одиграа одлично и го добија со 55-39. По почетното водство на гостите со 5-0, Пелистер направи серија од 15-0 за двоцифрена предност (15-5) и потоа долго беше на сигурна позитива. Со уште една серија од седум поени во вториот период домаќините отидоа на 46-30 и се до финишот немаше апсолутно никаква неизвесност.
Драматично беше во последните три минути, со серија од 8-0, Гостивар се доближи на 85-88, но потоа не искористи неколку напади по кои можеше дополнително да го загрози триумфот на домашниот тим. На 20 секунди пред крајот 90-88 за Пелистер, а потоа Андреј Митревски со тројка стави точка на сите дилеми околу победникот.
Дејвис беше убедливо најдобар играч на пелистер со 26 поени, Малешевиќ постигна 18, а Митревски 13. Црниќ го предводеше Гостивар со 22 поена.


