Женската репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2027 година.
Противник е Хрватска, а мечот нема никакво резултатско значење за нашиот национален тим. Тоа не значи дека репрезентацијата ќе влезе без мотив во овој натпревар затоа што желбата за надигрување и докажување секогаш е присутна кај младите кошаркарки кои го сочинуваат македонскиот тим.
И на претходните натпревар, против Данска и Грција, почна процесот на подмладување на репрезентацијата што делумно беше и принудно поради пензионирањето на Анџелика Митрашиновиќ и отсуството на дел од поискусните кошаркарки. Тој процес ќе продолжи денеска и затоа на новата генерација ѝ е потребна поддршка од трибините.
Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска се игра од 18 часот во Градски парк, а влезот е слободен.


