На неколку часа пред почетокот на последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2027 година, селекторот на македонската репрезентација Александар Ашаданов доби мошне лоши вести.
Поради повреда, на денешниот дуел со Хрватска нема да игра натурализирана Мерит Хемпе, убедливо најдобрата кошаркарка во оваа селекција. Американската со македонски пасош има повреда на задната ложа, попладнево изврши лекарски преглед во болниџата „Жан Митрев“ и утврдено е дека не е во можност да настапи против Хрватска.
За каков хендикеп за мамедонската репрезентација се работи, најдобро зборува податокот што Хемпе има просек од 20,8 поени по натпревар во овие квалификации, а на последните два меча, на кои не играше Митрашиновиќ, постигна 21 (од вкупно 47 против Грција) и 27 (од вкупно 57 против Данска) поени.


