Денвер Нагетс ја победи Филаделфија 76 со 124-96 во мечот во кој гостите допатуваа во Колорадо значајно ослабени.
Жоел Ембид, центарот на Сиксерс, не се појави повторно во Бол Арената каде не играл од 2019 година, што повторно ги лиши навивачите од дуел со Никола Јокиќ. Покрај него, не играа ни Тајрис Макси и Кели Убре, па победникот на овој натпревар беше решен уште во првото полувреме.
По 24 минти игра, Денвер водеше со 72-40, па немаше потреба главните ѕвезди во тимот да форсираат. Затоа Никола Јокиќ не помина многу време на теренот, а за периодот во него одлучи да се однесува како Џон Стоктон. Погоди 4/7 од игра за вкупно осум поени, додаде седум скока и неверојатни 14 асистенции. Кристијан Браун беше најефикасен со 22 поена, Камерон Џонсон постигна 18, а Брус Браун и Арон Гордон по 12.
На другата страна, Марџон Бошамп постигна 16 поени, додека Квентин Грајмс и Трендон Вотфорд реализираа по 12.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Мајами 136-106
Вашингтон – Детроит 117-130
Орландо – Оклахома 108-113
Њујорк – Индијана 136-110
Минесота – Феникс 116-104
Милвоки – Кливленд 116-123
Сакраменто – Сан Антонио 104-132
Денвер – Филаделфија 124-96


