Иако 19. уште не е завршено, денеска почнува 20. коло од кошаркарската Суперлига на Македонија.
Од претходното останува уште дербито меѓу МКК Куманово и ТФТ кое се игра утре, а денеска во 19:30 часот на терен ќе истрчаат Работнички и Ангели. Не треба многу да се објаснува колку е значаен овој дуел за тимот од Градски парк кој не смее никако да си дозволи кикс против последнопласираниот во лигата. Работнички води жестока битка за опстанок и само победа денеска ќе му овозможи малку мир пред дербито со МЗТ Скопје идната недела.
Останатите натпревари се играат во текот на викендот, а ТФТ го очекува уште едно дерби и тоа против Пелистер во Градски парк в недела од 19 часот. Незгодно гостување има и МЗТ Скопје кој оди во Гевгелија.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
19.03.2026
Работнички – Ангели 19:30 ч.
21.03.2026
Кожув – МЗТ Скопје 18:00
Гостивар – Маџари 18:00
Чаир – Феникс 19:00
22.03.2026
Тиквеш – МКК Куманово 19:00
ТФТ – Пелистер 19:00


