Екипата на Работнички не може да се пофали со многу убедливи победи оваа сезона, но максимално ја искористи предноста во дуелите со Ангели.
Откако на првиот меч со овој ривал броеше со 117, денеска тимот од Градски парк на домашен терен победи со 107-67 и ги продолжи надежите да стигне до топ-6 иако е многу тешко да се избори за тоа. Вечерва поранешниот шампион беше дополнително ослабен со неиграњето на Наков, но и покрај тоа немаше проблеми.
Целата работа ја заврши во првото полувреме во кое постигна 65 поени и на голем одмор замина со +35. Во вториот дел Ангели беа порамноправни, но и тренерот на Работнички, Владимир Мирковски долго време на теренот ги држеше помладите кошаркари.
Виктор Ефремовски повторно беше најефикасен во тимот на Работнички, сега со 26 поени, Рикиќ оствари дабл дабл со 20 поени и 10 скока, но за одбележување е и ефектот на 14-годишниот Рон Јетиши кој за помалку од осум минути на теренот поостигна шест поени со шут од игра 3/4. Кај Ангели, Ренг беше убедливо најдобар играч со 16 поени и 13 скока.


