Поранешниот европски шампион Партизан ја оствари третата победа по ред во Евролигата и петта вкупно, сметајќи ги сите натпреварувања откако вечерва славеше на гостувањето кај Париз со 90-81.
Белградскиот тим одамна ги загуби шансите за пласман во разигрувањето за титулата, но во моментов игра најдобра кошарка оваа сезона. Вечерва победата ја обезбедија благодарение на добрата игра во втората и третата четвртина кои ги добија со вкупни 49-37.
Одличен натпревар одигра Ник Калатес кој се покажа како вистински лидер на Партизан и оствари дабл дабл со 12 поени и 10 скока иако поефикасни од него беа Браун со 17 и Џекири со 15 поени. И Париз нема шанси за пласман во плејинот, но за разлика од Партизан, се наоѓа во лоша форма и загуби три од последнит четири натпревари.
Ова беше првпат сезонава Партизан да победи на три натпревари по ред во Евролигата, а вкупно има 12.
РЕЗУЛТАТИ
Валенсија – Барселона 62-66
Анадолу Ефес – Монако 93-98
Хапоел – Виртус 109-91
Олимпијакос – Басконија 90-80
Баерн – Дубаи 74-87
Париз – Партизан 81-90


