Ова лето, од 14–19 јуни, Охрид ќе биде домаќин на специјализираниот кошаркарски камп “PERFORM ELITE”, наменет за млади и перспективни кошаркарки кои сакаат да го унапредат своето знаење и вештини на повисоко ниво.
Станува збор за прв ваков камп во Македонија наменет исклучиво за кошаркарки, организиран од страна на Јелена Антиќ — поранешен Евролигашки и Еврокуп играч со богата интернационална кариера, како и репрезентативка на Македонија (од младински до сениорски категории). Таа моментално е тренер на германскиот шампион Rutronik Stars Keltern, а во својата кариера била дел и од стручниот штаб на српската репрезентација.
Кампот добива и интернационален карактер со присуство на специјални гости — Перо Антиќ, македонска кошаркарска легенда со Евролигашко и НБА искуство, како и Тања Шаренац, интернационален кондиционен тренер на српската ракометна репрезентација.
Кампот е фокусиран на индивидуален пристап и работа во мали групи, што овозможува максимално внимание кон секоја учесничка. Програмата е дизајнирана да ги развива техничките и тактичките аспекти на играта, како и физичката подготвеност, со акцент на современи методи на тренинг.
Тренинзите ќе ги води стручен тренерски тим, а учесничките ќе имаат можност да учат во професионална средина, да напредуваат индивидуално и да стекнат вредно искуство кое ќе им помогне во понатамошниот развој.
Кампот е наменет за кошаркарки кои веќе активно тренираат и сакаат дополнително да се развиваат и да го отклучат својот потенцијал.
Покрај тренинзите, девојките ќе имаат можност да уживаат во уникатната атмосфера на Охрид, комбинирајќи спорт, дружење и нови искуства.
Бројот на места е ограничен. Проспектот за кампот, можете да го погледнете ТУКА.
Пријавување на:
Whatsapp: +381655599184
Instagram: performelitecamp
Email: performelitecamp@gmail.com


