Актуелниот шампион МЗТ Скопје денеска го очекува незгодно гостување, не толку поради квалитетот на противникот, колку поради повредените играчи. Тренерот Васко Атанасов не може да смета на Војдан Стојановски и Андреј Магдевски кои се повредени, па Кожув ќе се обиде да го искористи тоа. Натпреварот во Гевгелија се игра од 18 часот.


