Кожув денеска направи големо изненадување откако на домашен терен го победи шампионот МЗТ Скопје, но шоуто го „украдоа“ навивачите на гевгелискиот тим кои истакнаа исклучително моќна парола на својот дел од трибината во „26 Април“.
„Правда за Кочани и секој загинат, преземете нешто пред младите да заминат“, пишуваше на пораката, истакната од навивачката група „Фантоми“.

И лани, кога се случи несреќата во Кочани, тие беа меѓу првите што изразија сочувство и се понудија за помош на настраданите, а сега продолжуваат да испраќаат пораки кои треба да стигнат до секој жител на Македонија.


