Поминаа 23 години откако Леброн Џејмс го имаше своето деби во НБА, откако беше избран како прв пик од Кливленд Кавалирс.
Две и кусур децении подоцна, тој го сруши рекордот за најмногу одиграни натпревари. Против Меџик во Орландо, ноќеска го запиша својот 1.612. настап во најсилната кошаркарска лига во светот, соборувајќи го рекордот на познатиот центар на Бостон Селтикс, Роберт Периш. Оваа бројка се однесува само за натпревари во основниот дел од сезоната.
Congrats to @KingJames of the @Lakers on becoming the NBA’s all-time leader in TOTAL GAMES PLAYED! pic.twitter.com/MOxwbcDJw1
— NBA (@NBA) March 21, 2026
Легендарниот центар на Бостон, кој кариерата ја заврши во Чикаго Булс, го држеше рекордот 29 години, од 1997 кога објави пензионирање како актуелен шампион на НБА. Тој тогаш имаше 43 години, Леброн сега има 41, но сегашниот кошаркар на Лејкерс ја игра 23. сезона во НБА затоа што влезе директно од средно училиште, за разлика од Периш кој беше на колеџ.
Леброн со ова стави уште еден тешко достижен рекорд зад своето име. Одамна е најдобар стрелец во историјата на НБА и прв кошаркар кој во својата кариера има над 50 илјади постигнати поени, сметајќи ги натпреварите и од основниот дел и од плејофот.


