Реал Мадрид убедливо ја победи Барселона како гостин со 95-76 во меч кој требаше да биде дерби на колото во АЦБ лигата.
По голема борба и офанзивни потешкотии за двата тима во почетната фаза од натпреварот, Реал одигра совршено во втората четвртина, постигна 36 поени и ги сврте работите во своја корист. Играчите на Серџо Скариола го отворија тој период со серија од 10-0 со што навести ураган кој траеше до крајот на полувремето. Реал, практично, постигна повеќе поени во втората четвртина отколку Барселона во целото прво полувреме – 33.
Шпанскиот шампион и во вториот дел ја имаше целосната контрола врз текот на натпреварот. Избраниците на Чави Пасквале никогаш не успеаја значително да ја намалат негативата и да го направат дербито поинтересно.
Барса има само две победи во последните осум натпревари во сите натпреварувања, додека Реал има 11 во последните 13 натпревари. Голем удар за Барселона, особено офанзивно, е отсуството на повредениот плејмејкер Николас Лапровитола.
Центарот Јан Весели добро го отвори натпреварот и заврши со 15 поени и 2 скока, додека крилото Вил Клајбурн имаше 14 поени, 4 скока и 3 асистенции.


