Лука Дончиќ нема да биде суспендиран! НБА ја поништи последната техничка грешка на асот на Лос Анџелес Лејкерс која ја доби синоќа на мечот против Орландо.
За Словенецот тоа требаше да биде 16. техничка грешка оваа сезона, а тоа автоматски значеше дека ќе биде суспендиран и за еден натпревар. Сепак, франшизата од Лос Анџелес веднаш поднесе жалба, која очигледно беше уважена. Ова значи дека Дончиќ ќе биде во тимот за натпреварот против Детроит кој е од исклучително значење за Лејкерс затоа што екипата е во серија од девет победи, а ќе игра против најдобриот тим на Истокот.
Техничката грешка Дончиќ ја доби поради вербален дуел со противничкиот кошаркар Гога Битадѕе. Словенецот тврдеше дека играчот на Орландо му ја пцуел фамилијата, но Битадѕе демантираше дека кажал нешто такво, туку само му вратил на Дончиќ за навредите на негова сметка.


