Карл-Ентони Таунс ја одбележа минатата ноќ во НБА лигата откако ја продолжи неверојатната во дресот на Њујорк Никс.
Искусниот центар стана првиот играч во тимот на Никс во последните 15 години што забележал најмалку 50 дабл дабл во две сезони по ред. Во победата над Вашингтон Визардс (145-113), Таунс влезе во историјата на франшизата како прв што го постигнал тоа по Дејвид Ли. За само 26 минути на теренот, Таунс забележа 26 поени и 16 скока.
Под водство на тренерот Мајк Браун, Никс ја остварија шестата победа по ред, а Таунс има просек од 24,5 поени и 12,2 скока во таа серија. Њујорк сега има скор од 47-25 и е опасно блиску до Бостон во битката за првото место на Истокот.
Додека Никс славеа, Селтикс претрпеа болен пораз на домашен терен од Минесота Тимбервулвс (92-102), што речиси ја поништи нивната предност во однос на Њујорк. Ова беше прва победа на Вулфс во Бостон од 2005 година.
РЕЗУЛТАТИ
Денвер – Портланд 128-112
Сакраменто – Бруклин 126-122
Њујорк – Вашингтон 145-113
Бостон – Минесота 92-102
Феникс – Торонто 120-98


